Маж и жена на возраст од 28 и 24 години се уапсени откако синоќа околу 19 часот наводно се заканувале на вработена во тетовската болница.
Синоќа околу 18:45 часот, на улицата „29 Ноември“ во Тетово, полицијата ги лиши од слобода С.А. 28 години и С.А 24 години од Тетово. Лицата ја навредувале и и се заканувале на 34-годишната жена, вработена во тетовската болница, во која се лекувал нивен член на семејство “, објави портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифовски
Тој додаде дека полицијата работи на расветлување на случајот.