Пендаровски за Каракачанов: Не би се занимавал со „политички забавувачи“ – не заслужува толку внимание

0
71

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше и за последните објави на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Пендаровски го нарече Каракачанов „политички забавувач“, и рече дека медиумите премногу му даваат до значење и му посветуваат внимание.

Мислам дека на тој господин му се дава многу простор компарирано со неговата политичка релевантност. Секоја негова изјава се пренесува како ударна вест и тука и во Бугарија.

Не мислам дека неговото политичко портофлио или идеали заслужуваат толку внимание. Сега пред да влезам во емисијава, видов некој стил, дека не кажал така или само имиња. Гледајте, јас не би се бавел со тие политички забавувачи кои ги има во политиката. Јас би се бавел со оние кои се сериозни како претседателот Радев премиерот Борисов“, изјави Пендаровски кој призна дека пред извесно време имал долг разговор со претседателот Радев на различни теми.

„Јас зборував со Радев, и тој не отстапи ниту милиметар од своите принципи. Но, ги образложуваше неговите аргументи без политички фолклор, не како споменатиот господин“, рече претседателот.