Парк“ се урива, надлежните си ја префрлаат одговорноста: Дијалог на глувите го бетонира охридското крајбрежје

0
106

Се урива ресторанот „Парк“ на брегот на Охридското езеро, за кој активистите на Охрид СОС и Асоцијацијата на архитекти на Македонија побараа да биде заштитен како споменик на културата, јавуваат активисти на оваа граѓанска организација. Просторот е веќе ограден и во моментов се симнуваат елементите од покривот, објави Слободен Печат

Иницијативата, испратена до сите надлежни министерства, музеи и институции за заштита на културното богатство како и лично до премиерот Зоран Заев беше поттикната од неодамна објавениот план за негово рушење и изградба на 4-катен хотел на 50 метри од брегот и тоа во време кога Охридскиот Регион е на праг да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, токму како резултат на несоодветната и агресивна урбанизација на крајбрежјето.

Граѓанската организација пред еден месец ја алармираше јавноста дека се подготвува уривање на ресторанот Парк и дека на негово место, на помалку од 50 метри од езерската линија треба да никне огромен објект.

Според важечкиот Закон за води, како и според Планот за управување со Охридскиот регион забранета е изградба, доградба и реконструкција на објекти во појасот од 50 метри од езерото. На идниот четирикатен хотел од лани му е истечена дозвола за градба, но градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски тврди дека се е според законот.

„Во однос на градежните дозволи, според Законот за градење, надлежен орган за постапување е Општина Охрид“, велат за „Слободен печат“ од Министерство за транспорт и врски.

Министерството издавало одобрение само за објекти од А категорија. Според Законот за градење,  се што е не е согласно со споменатиот Закон, надлежен орган  за постапување е Државен градежен испекторат, посочуваат од Транспорт и наведуваат дека, во однос на кокретниот објект,  Инспекторатот по службена должност имал право да изврши увид дали е истечена дозволата за градење.

„Третманот на објектите и идните градби во Охридското крајбрежје во планското решение на плановите задолжително треба да бидат во согласност со Планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион“, се вели во дописот од Транспорт и врски, но без конкретен одговор дали надлежните органи воопшто ќе превземат некакви чекори да се заштити сегашниот објект на ресторанот „Парк“ и да се спречи изградбата на ново, огромно здание на само неколку десетици метри од езерските води.

Преземено од Слободен печат