Со автомобил марка „ауди“ прегазил 15-годишно дете па избегал.–
На 21.03.2021 во 20,00 часот било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата напуштило лице место, удрило во 15 годишен пешак од Скопје, соопшти МВР.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.