АТЛЕТИКО МАДРИД Е НОВ ШАМПИОН НА ШПАНИЈА

0
59

Атлетико Мадрид со пресврт дојде до победа на гостувањето кај Ваљадолид од 2-1 и по 11 пат стана шампион на Шпанија, првпат по седум години.

Атлетико Мадрид е нов шампион на Шпанија, момците на Диего Симеоне ја добија трката за титулата за Примера откако со 2-1 славеа на гостувањето кај Ваљадолид кој испадна во втората лига.

Натпреварот тргна лошо за Атлетико Мадрид, Ваљадолид поведе во 18. минута со гол на Плано. Во вториот дел најпрво Кореа изедначи на 1-1 во 57. минута, а десет минути подоцна Луис Суарез погоди за победа од 2-1.

Атлетико Мадрид може да и се заблагодари и на Барселона, која реши да го продаде Луис Суарез на директен ривал и погреши.

Реал Мадрид исто така со пресврт дојде до победа над Виљареал од 2-1, но овој триумф беше залуден за нив.

Виљареал поведе со 1-0 со гол на Пино, во сами финиш Реал Мадрид го сврте мечот, најпрво Бензема во 87. минута погоди за 1-1, а во 92. минута Модриќ реализираше за 2-1.

Барселона со убав гол на Гризман го победи Еибар со 1-0.

Интересна беше и борбата за опстанок, Елче со 2-0 го победи Атлетик Билбао и се спаси откако Уеска одигра само 0-0 против Валенсија.

Бетис со пресврт дојде до триумф кај Селта од 3-2, а гостинска победа забележа и Реал Сосиедад кај Осасуна со 1-0.

На крајот Атлетико Мадрид со 86 бодови стана шампион, Реал Мадрид заврши со 84, Барселона со 79.

Испаднаа Уеска,  Ваљадолид и Еибар.

Извор 24Фудбал