Јокиќ со трипл дабл, но Денвер го загуби дуелот со Лејкерс

0
52

По 11 натпревари по ред во кој доживуваше пораз, Лос Анџелес Лејкерс синоќа конечно се израдува на победа против Денвер, тие славеа со 119-108 и намалија на 3-1 во серијата.

Никола Јокиќ одигра одличен натпревар, беше најдобар на теренот со 33 поени, 14 скокови и 14 асистенции, Портер реализираше 27 поени и 11 скокови.

Но, Лос Анџелес Лејкерс доминираше во текот на целиот меч и дојде до посакуваниот триумф. Најефикасен беше Леброн Џејмс со 30 поени, а маестрална партија во одбраната имаше Ентони Дејвис, тој постигна 25 поени и имаше дури 23 скокови.

ВИДЕО.