СЕ ЗАПИША ВО ИСТОРИЈАТА: ПРЕД 11 ГОДИНИ АМЕРИКАНЕЦ ПЛАТИЛ ДВЕ ПИЦИ СО БИТКОИНИ

0
314

Американец се запиша во историјата со тоа што пред 11 години платил две пици со 10.000 биткоини.

Американецот Ласло Хањец во 2010 година влезе во историјата. Тој тогаш бил првата личност што ја искористила виртуелната валута Биткоин за да плати нешто во реалниот свет. Хањец тогаш платил 10 илјади биткоини за две пици, кои во тоа време вределе околу 40 долари. Бидејќи биткоинот се здоби со популарност со текот на годините, 22 мај стана познат и како „Bitcoin Pizza Day“. Хањец во неколку наврати рекол дека не му е жал што потрошил 10 илјади биткоини за два пици, иако, кога ќе се претворат во денешна вредност, тие 10 илјади биткоини би вределе околу 302,3 милиони евра.

Распродажбата на биткоини, која започна во средината на минатата недела, продолжи за време на викендот. За време на викендот вредеше далеку под 40.000 американски долари, што е драстичен пад во споредба со неодамнешниот резултат – кога достигна висина од над 60.000 долари.