НЕГАТИВЕН Е ТЕСТОТ ЗА ДРОГА НА ПОБЕДНИЦИТЕ НА ЕВРОВИЗИЈА „МАНЕСКИН“, ПОТВРДИ ЕБУ

0
40

Oткако се појавија сомневања дека пејачот на групата Манаскин, победникот на Евровизија 2021 година, наводно користел дрога за време на настанот, организаторите темелно го испитале случајот. На официјалата Твитер страница на „Евровизија“ е објавено дека Дамијано Давид не користел дрога во последната вечер на ова натпреварување.

Според официјалната изјава, Европската унија за радиодифузија (ЕБУ), на барање на италијанската делегација, извршила темелен преглед, вклучително и проверка на сите достапни снимки.

Во соопштението тие истакнаа дека и самиот Дамијано побарал да му се направи тест за дрога, што било направено денес и резултатите биле негативни.

„Во „Зелената соба“ не се користела никаква дрога и можеме да кажеме дека случајот е затворен. Шпекулациите само предизвикаа лажни вести, го засенија духот на настанот и неправедно влијаеја на бендот“, се вели во соопштението.

Претходно била направена и проверка околу масата каде што седел бендот, и навистина таму биле пронајдени срчи, како што и тврдеше пејачот, дека во тој момент.