СЗО одобри уште една вакцина за итна употреба

0
63

Светската здравствена организација ја одобри вакцината Sinovac против COVID-19 за итна употреба,.

Светската здравствена организација ја одобри вакцината Sinovac против COVID-19 за итна употреба, за постари од 18 години.

Ова е втората кинеска вакцина одобрена од СЗО. Во соопштението се наведува дека вакцината е безбедна и ефикасна, со што е овозможено да се најде во глобалната КОВАКС програма којашто им обезбедува вакцини на сиромашните земји, пренесе Reuters.

Одлуката за итна употреба е донесена по анализа на најновите клинички податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината во постапките на производство во кинеската компанија.

По Sinofarm, ова е втората кинеска вакцина што доби зелено светло. СЗО соопшти дека податоците покажале дека кај половина од целосно вакцинираните со две дози не се развиваат симптоми на COVID-19. Во истражувањето биле вклучени мал број на постари лица од 60 години па не може да се процени колку вакцината била ефикасна меѓу нив.

Сепак, СЗО не препорачува горна старосна граница за вакцината, бидејќи податоци од други земји кои ја користеле покажуваат дека има заштитен ефект и кај повозрасните

Минатиот месец СЗО ја одобри Sinofarm, а претходно беа одобрени и вакцините на Pfizer BioNTech, Johnson & Johnson, Moderna и AstraZeneca.