Во фабриката „Слобода“ во Чачак синоќа околу 21 часот дошло до уште една експлозија, јавува Радио-телевизија Србија (РТС).
Според неофицијални информации во фабриката „Слобода“ синоќа околу 21 часот одекнала детонација на местото на магацинскиот простор кој изгоре во пожар ноќта меѓу четвртокот и петокот.
Магацинот кој беше зафатен од пожарот и каде се случија експлозиите, а кој служи за складирање на компоненти за комплетирање на запалки е одалечен околу 800 метри од производниот погон на компанијата.
Вработените во фабриката утринава дојдоа на работа, но потоа повторно биле вратени дома.
Фабриката е обезбедена од полиција, а пристапот не е дозволен. Следно треба да влезат тимови задолжени за пиротехника, а по потреба и пожарникари. Според процедурите тоа се врши 24 часа по последната детонација.