Заев: Се враќа довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

0
61

Имаме исчекор – ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ. На средбите во Софија го активиравме дијалогот и потврдивме дека сме за пријателство. Дијалогот ќе донесе решение за нашите народи, за младите, за заедничката европска иднина, порача вечерва преку социјалните мрежи, премиерот Зоран Заев.

Тој додава дека решенијата мора да водат грижа за интересите на двете страни и оти само така граѓаните ќе ги поддржат и само така ќе имаме успешна реализација.