И покрај индискиот сој во земјава, нови мерки нема да има, смета Филипче

0
26

Министерот за здравство Венко Филипче денес на средбата со новинарите во Црвениот крст даде информации за индискиот сој,  кој веќе е присутен  во земјава, но и дали поради овие двата случаи ќе се воведат дополнителни мерки.

 

– Станува збор за наши двајца сограѓани кои дошле од Виена и во тие случаи не е детектиран никаков ризик. Во однос на мерките ги анализираме податоците во нашата земја, ги анализираме и податоците во околните земји. Кај нас ситуацијата е стабилна, имаме мал број на заразени, мал број кои се јавуваат во болница за прием, малиот број на прегледи во болниците  на дневна основа. И тоа ни укажува дека ситуацијата е мирна, и дека нема зошто дополнително да се воведуваат мерки. . Сите други земји во Европа одат кон попуштање на мерките и сите имаат исто мислење дека епидемолошката состојба спласнува. Значи во овој период не планираме никакви мерки и рестрикции поради тоа што не гледаме некаков ризик, но внимателно ја следиме целата ситауција, не само кај нас туку и во регионот, изави министерот.