Мешањето на вакцините Фајзер и Астра Зенека дава добра заштита

0
146

Мешањето на вакцините каде што доза на Фајзер се дава четири недели по примање на вакцината Астра Зенека, ќе произведе подобар имунолошки одговор отколку давање на нова доза на Астра Зенека, објавено е денеска во студијата на Оксфорд, јавува Ројтерс.

Студија наречена „Com-COV“ го споредува распоредот на мешани дози на Фајзер и Астра Зенека и откри дека во која било комбинација вакцините создаваат висока концентрација на антитела против протеинот на коронавирусот.

Податоците ја поддржуваат одлуката на некои земји кои започнаа да нудат алтернатива на Астра Зенека, откако оваа вакцина е поврзана со ретка појава на згрутчување на крвта. Шпанија и Германија нудат вакцина на Фајзер како втора доза наместо Астра Зенека

Метју Снејп, професор од Оксфорд, кој стои зад ова истражување вели дека наодите од студијата можат да помогнат да се воведе пофлексибилен план за вакцинација.

„Секако е охрабрувачки што овие одговори на антитела и на Т-клетките изгледаат добро во мешан распоред“, рече тој пред новинарите.

Најголем одговор на антитела е забележан кај испитаници кои ги примале двете дози на вакцината Фајзер, а двата мешани протоколи дадоа подобар одговор од две дози на Астра Зенека.

Резултатите се засноваа на комбинација на вакцини дадени во период од четири недели за 830 учесници постари од 50 години