Трошоците за живот раснат, потрошувачката кошничка „тежи“ над 34 000 денари

0
22

ССМ пресмета дека синдикалната кошница за јули изнесува над 34 илјади денари, што е за близу 100 евра повеќе во однос на износот на две минимални плати.

Најмногу пари треба да се одвојат за храна и пијалоци, или 14 400 денари, за режиски трошоци близу 11 илјади денари. За лична хигиена 2 300 денари, а за превоз минимум се потребни над 2 500 денари. Математиката на ССМ покажува дека трошоците за живот од месец во месец се зголемуваат.

„ССМ оправдано бараше минималната плата да изнесува 60% од просечната, бидејќи ниту 2 плати не го…ако со ваков тренд продолжи ниту три плати нема да се доволни.“ изјави за Канал 5 Светлана Димоски, ССМ

Граѓаните велат дека цените забрзано растат. Живеачката од година в година е се потешка.

Ако во минатото синдикалната кошница за една година се зголемувала за 200 до 300 денари, лани за истиот период порасна за цели илјада денари. Годинава пак за само 6 месеци растот на трошоците за живот пораснале за 500 денари.

Минимална синдикална кошница 34 128 денари

храна и пијалоци 14 417 денари

режиски трошоци 10 826 денари

превоз 2 528 денари

лична хигиена 2 381 денари