Вооружена престрелка во Сарај, има и повредени

0
134

Вооружена престрелка во која има и повредени лица се случила попладнево околу 14 часот во селото Арнакија во Општина Сарај, дознава Сител.

Во престрелката учествувале неколку лица, при што најмалку едно лице со повреди од огнено оружје е префрлено во болницата „8 Септември“.

Полицијата во моментов врши увид, повеќе детали подоцна.