Владата на вчерашната седница ги усвои и планот и протоколите за одржување на наставата во основните и средните училишта, во учебната 2021/2022 година, со физичко присуство на учениците.
Протоколите за стартот на учебната година усвоени и објавени од Владата. Подготвени се три модели, кои би се реализирале во зависност од епидемиолошката слика. Засега одлуката е основците и средношколците да одат со физичко присуство. Сепак, министерката за образование Мила Царовска вели дека доколку Комисијата за заразни болести препорача, МОН е подготвено наставата да се одвива комбинирано или преку компјутер.
„Како ќе се менува, така комисија, како лани 40% одеа со физичко и немаше ниеден случај, со почитување на протоколи…нема “ изјави Мила Царовска, министер за образование
На влез на учениците ќе им се мери температура, а на часови ќе се седи со маска. За време на одморите задолжително ќе треба да се дезинфицираат училниците, а доколку некое од децата се зарази со Ковид 19 – епидемиолозите ќе одлучуваат дали целиот клас ќе оди во изолација.
Од настава ослободени се децата со хронични болести и оние чии родители имаат некоја хронична болест, сепак родителите може сами да побараат и од немедицински причини децата да следат настава од дома…
Универзитетите пак сами ќе одлучуваат како ќе ја почнат годината. Но, Царовска вели дека за начинот и организацијата на наставата, факултетите ќе треба да се консултираат со здравствените власти.
„Унивезритетите кои сакаат треба во координација со здравство, секоја институција треба да е во координација како министерство… “ истакна Мила Царовска, министер за образование
Досега образовниот кадар е вакциниран над 60%, Царовска очекува до почеток на школската година, процентот да биде поголем.