Имаме четворица највозрасни пензионери, сите имаат по 107 години – Кој е најмлад и најстар пензионер?

0
20

Највозрасните пензионери во земјав имаат по 107 години. Не е еден туку четворица. А земаат пензии од 16.578 денари до 7.815 денари, односно земјоделски пензии- покажуваат податоците на Фондот за пензиско.

Бројките покажуваат дека дури 46 пензионери на кои ПИОСМ исплаќа пензии се на возраст над 100 години. Дека жените во земјава живеат подолго од мажите покажува и статистиката. Па така од сите 46 пензионери кои имаат над сто години, дури 31 се жени, а само 15 се мажи. Но, сепак во групата на над стогодишници, приматот со највисока пензија го има маж пензионер. Има 104 години и има највисока пензија од сите пензионери над сто години, која  изнесува 23.829 денари.

Податоците на Фондот за пензиско покажуваат дека од сите околу 325.000 пензионери во земјава 48.937 лица се на возрастод  над 80 до 100 години. Па така во групата пензионери кои имаат од 90 до 100 години има 3.982 лица. А во таа со од 80 до 90 години има вкупно 44.955 лица.

На другата страна пак се осум најмлади пензионери. Сите имаат 48 години.Се стекнале со старосна пензија, најверојатно поради бенефициран стаж. Нивните пензии се движат од 21.588 до 32.102 денари.

Според ПИОМС изгледа вака:

– Највозрасни се четворица пензионери со 107 годинуи

– На возраст над 100 години има вкупно 46 пензионери

-На возраст од 90 до 100 година има 3. 982 пензионери;

-На возраст од 80 до 90 години има 44. 955 пензионери