(видео) Радев: Бугарите да влезат во Уставот и Македонија да ја признае историската вистина

0
51

Македонија не може да помине катарза. Нашите позиции се јасни, се додека нашите сонародници подлежат на суптилна асимилација, со текот на годините се потиснувани и нивните основни права и не се интегрирани целосно во Северна Македонија ние не можеме да кажеме ДА за почеток на преговори, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, по средбата со премиерот Зоран Заев на маргините од САмитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Брдо кај Крањ.

На средбата присуствувале и францускиот претседател Макрон, и германската канцеларка Меркел.

На оваа средба Радев побарал правно обврзувачки документ од ЕУ и Македонија за протоколот на кој во моментов работат двете страни. Но, она што го бара Бугарија е Бугарите да влезат во уставот на Македонија, резулатите од пописот, за да се види колку се идентификувале како Бугари, и конечно Македонија да ја признае историската вистина.