После празниците новиот сој Омикрон забрзано шири во Тетово

0
43
Почна да се полни Клиничката болница Тетово. За разлика од последните месеци од 2021 година, кога имаше неколку или болничките кревети во инфективното одделение и Ковид центарот беа празни, сега има 7 хоспитализирани пациенти, сите на кислородна подршка.
Зголемен е бројот и на абмулантски прегледи на пациенти сомнителни на вирусот. Ако пред една недела имало по тресетина на ден, сега на дневна основа има над 70 пациенти кои бараат здравствена помош.

 

-Од почетокот на новата година, бројот на новозаразени е релативно зголемен. Во рок од 24 часа имаме 70 амбулантски прегледи, повеќе од тие се со лесна клиничка слика, најмногу со симптоми на грип, додека хоспитализирани на инфективно во моментов се само 7 пациенти, кои се на кислородна подршка. Како ковид центарот сега се користи инфективното одделение на клиничката болница, но во случај ако се зголеми бројот на ковид позитивни, првиот и вториот кат на интерното одделение е подготвено да ги прими овие случаи, кои се снабдени со потребните материјали и терапија.Четворица од хоспитализираните имаат примено две дози на вакцини. Кај нив е полошо дека имаат и други компликации, рече доктор Хасан Илјази одговорен за медиумите при Клиничката болница Тетово

 

Корона вирусот не е завршен, затоа апелираме на претпазливост и почитување на мерките.

-Ние пак апелираме до граѓаните да бидат внимателни. Во случај ако имаат симптоми на ковид, да се обратат на матичен лекар за понатамашно лекување. 
Засега нема никакви најави за изградба на нова модуларна болница на местото на опожарената во дворот на Клиничката болница во Тетово. Конструкцијата и остатоците од објектот се уште не се остранети, кои се уште сведочат за трагедијата каде 14 пациенти кои се бореа за воздух повеќе ,а живи изгореа за неколку минути.
ММС