КАСАМИ – ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА НОВ ГРАДСКИ ПАРК КА ПОДРЖУВАМ ОТИ СЕ РАБОТИ ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС

0
40

Предлогот за нов и единствен градски парк во Тетово ќе се разгледува на стручно ниво, велат иницијаторите на оваа идеја, кои ја одржаа и првата средба со градоначалникот на Тетово Биљал Касами. Првиот човек на општината според нив покажал кооперативност, за разлика од советот кој има ниво на скептицизам за нивниот предлог.

Идејата за нов градски парк во Тетово се придвижува напред, оценуваат од иницијативата.

Се надеваат дека средбата со градоначалникот Биљал Касами не била само декларативна, туку од неа ќе произлезат и првите чекори за реализација на предлогот, во рамки на институциите на системот.

Како за почеток треба да се започне со уредување на локацијата од поранешниот спортски центар, чија површина е дел од планот за новиот парк.

Таму нема никакви препреки да се започне со активности, оти се работи за парцела, која е во државна сопственост.

Градоначалникот Касами, вели дека соработката со иницијативата ќе продолжи, оти се работи за јавен интерес.

Од иницијативата велат дека нема да се откажат од идејата за нов градски парк, која нема така лесно и брзо да се реализира, оти во рамки на границите на идниот парк има земјиште кое е и во приватна сопственост. Во меѓувреме бараат зачувување на зеленилото кое остана во Тетово.

Имено ова се површините предложени за единствениот градски парк лоцирани на влезот од градот.Се работи за четири парцели од околу 20 хектари, кој ги опфаќа поранешните фабрики Шик Јелак, Монопол, сегашниот Жена парк и некогашниот спортски центар.