Во Министерството за надворешни работи во Скопје, утрово почна средбата на членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.
Ова е прва откако беа објавена заедничките препораки, кои предизвикаа поделени реакции во јавноста.
Нов члена на состанокот кој се одржува денеска и утре во Скопје е Димитар Љоровски од Институтот за национална историја.
Членовите на мешовитата комисија најверојатно ќе продолжат со дискусија за учебниците за седмо одделение за 10-ти и 11-ти век, а ќе се разговара и за Гоце Делчев како личност за заедничко прославување меѓу двете држави, велат од македонскиот дел од комисијата.
Комисијата од нејзиното основање има одржано вкупно 23 средби.