Хрватска го слави Денот на државноста

0
103

Хрватска денеска го слави Денот на државноста во знак на сеќавање на конституирањето на првиот демократски избран повеќепартиски парламент на 30 мај 1990 година, кој по децении комунистичко владеење ги создаде темелите на модерниот парламент и ја потврди неговата улога во зачувувањето на хрватската државност.

На 30 мај Собранието беше исполнето со бројни претставници и гости кои присуствуваа на конституирањето на новиот Парламент, тогаш сè уште Социјалистичка Република Хрватска.