КФОР: Приштина и Белград да преземат одговорност за настаните на северот на Косово

0
37

Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, побара од надлежните во Косово и Србија да преземат одговорност за создадената ситуација во северот на земјата и повика да се спречи натамошната ескалација на состојбата, јави МИА од Приштина.

Во соопштение за медиумите по повод вчерашните протести на локалните Срби во општините со мнозинско српско население, КФОР наведува дека успеал да ги отстрани заканите по животот на граѓаните во тој дел од Косово.

Со цел да се избегне судир меѓу страните и да се минимизира опасноста од ескалација, мировниците на КФОР ги спречија заканите по живот на косовските Срби и Албанци. Обете страни треба да ја преземете целосната одговорност за тоа што се случи и да спречите натамошна ескалација, наместо да се криете зад лажни приказни, им порача КФОР на Приштина и Белград.