Мислењето на вишо обвинителство по жалбата на Јанева пристигна во Апелација

0
118

Вишото јавно обвинителство го подготви мислењето по жалбата на екс шефицата на СЈО за укинување на притворот.

Катица Јанева преку апелациониот суд се жали на одлуката на кривичен кој како неосновано го отфрли барањето таа да излезе од притвор а како гаранција дека нема да побегне понуди три станови.

За разгледување на жалбата е побарано мислење од Вишото јавно обвинителство кое утринава го пратило до Апелациониот суд.

Во обвинителството не откриваат какво е мислењето по барањето на Јанева да го напушти истражниот затвор.

Одлуката дали на поранешната специјална обвинителка ќе и биде укинат притворот, треба да ја донесе Апелациониот суд.

Инаку Јанева денеска преку своите бранители треба да открие дали ќе ја даде својата одбрана пред обвинителката Вилма Русковска.

Во изминатите две недели, поранешната специјална обвинителка ги анализираше доказите со кои обвинителството ја сомничи за злоупотреба на службената положба.