Британската полиција уапси 13 члена банда , која прошверцувала 50 тони кокаин и хероин во камиони за сокови , овошје и зеленчук.
Тринаесет мажи се уапсени во Велика Британија како дел од истрагата за најголемата заплена на дрога досега откриена во земјата, пренесува британската Агенција против организиран криминал (НЦА).
Мажите на возраст меѓу 24 и 59 години, се осомничени дека припаѓаат на британска филијала на меѓународна криминална група. Тие шверцувале повеќе од 50 тони хероин, кокаин и марихуана во вредност од повеќе од милијарда фунти од Холандија користејќи фиктивни холандски и британски компании, се вели во соопштението на НЦА.