Сите одлуки на Судскиот совет од мај 2023 година до вчера се ништовни, реагираат од коалицијата „Сите за правично судење“

0
159

Од Коалицијата „Сите за правилно судење“ реагираат дека сите одлуки што Судскиот совет ги донел откако на чело застана Сашко Георгиев, од мај 2023 година до вчера, се ништовни.

На 471 седница Судскиот совет констатираше престанок на мандатот на претседателот на Советот и ја спроведе одлуката на Управниот суд. Во оваа насока, сакаме да потенцираме дека ништовноста на одлуката за разрешување ги прави ништовни и сите дела, права и обврски засновани врз ништовниот акт, што меѓудругото ја вклучува и одлуката за избор на нов претседател. Оттука нејасно е како Советот констатираше престанок на мандат кој се смета дека никогаш не започнал да тече – објави Коалицијата.

Довчерашниот претседател на Судскиот совет Сашко Герогиев вчера на итна седница поднесе оставка по сопствено барање, откако Управниот суд пресуди во корист на разрешената претседателка Весна Дамева, односно ја прогласи за ништовна одлуката за нејзиното разрешуваше што Советот ја донесе лани во мај. Советот вчера констатираше дека таа одлука е вон сила, а на сила останува одлуката со која Дамева е избрана за претседателка.