ВИДЕО: Збеснат криминалец ја прескокна клупата и ја истепа судијката

0
186

Откако го одби неговото барање за кауција, судијката Мери Кеј Холтус од Лас Вегас беше нападната од криминалец за време на сослушувањето. На видеото кое е направено во средата наутро, се гледа моментот кога Деобра Делоне Реден (30) ја нападна судијката, пишува Дејли Мејл.

ВИДЕО

Реден скокна од местото каде што стоеше и ја прескокна судијската клупа за да се соочи со судијката. Додека се фрла по неа, се слуша како вели „не, е*ате кучката“. Се слуша како неколку пати ја удри судијката иако обезбедувањето се обиде да ја одбрани и да го задржат криминалецот.

Реден има криминална историја и е обвинет за напад, грабеж и принуда. Судијката претходно бараше од него да се подложи на тест за проценка на психата, а во октомври беше утврдено дека е здрав.