Гаши: За Ахмети е во ред да има поддршка од Рама, а е вознемирен зашто ја нема од Курти

0
189

ЛИДЕРОТ НА АЛТЕРНАТИВА ЗА МКД.МК

На прашање на МКД.мк како ја коментира изјавата на Али Ахмети дека косовскиот премиер Аљбин Курти се меша во внатрешните работи на Македонија, Африм Гаши, претседател на Алтернатива и еден од лидерите на Европски сојуз за промени вели дека Ахмети е вознемирен зашто ја загубил поддршката од Косово и е во исчекување на изборен пораз. „За Ахмети е во ред премиерот на Албанија Еди Рама да му искажува поддршка и тоа не претставува мешање, а коа изостанува поддршката од Косово, тогаш тој е вознемирен и дава такви изјави“, вели Гаши.

Mkd.mk