Николовски : Годината ја почнавме со пониска цена на струјата за 5%, а во време на криза ја вративме и евтината тарифа

0
90

Енергетските политики и мерки на СДСМ обезбедија пониски цени за граѓаните за електрична енергија. Годината ја почнавме со намалување на сметките за струја. 5% во првиот блок додека во вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, рече членот на ЦО на СДСМ, Дарио Николовски, во утринска програма на Слободен Печат.

Во време на светска и економска криза ја вративме евтината тарифа, од 11 до 15 часот, и на овој начин веќе околу 11 часа дневно имаме евтина тарифа.

-Годината е започната со одлуки кои пред се во корист на стандардот на граѓаните. Поевтина струја за 5% во првиот блок. Ја вративме и евтината тарифа на струјата, во перодот помеѓу 13 и 15 часот. Севкупно во една недела имаме повеќе од 50% дневна евтина тарифа. Едно просечно семејство сега има заштета од 1.000 денари месечно, рече Николовски.