Интервентната апсеше низ Скопје, уапсени шест лица со дрога

0
232

На подрачјето на Карпош во Скопје, ноќеска во 02.10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 02.30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целоснодокументирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на Центар во Скопје, ноќеска во 02.35 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.М.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на Центар во Скопје,синоќа полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на општина Аеродром во Скопје, синоќа во 20.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Ф.Ш.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.