Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска е во посета на Приштина.
За време на посетата на Косово, како што јавува косовски „Економија онлајн“, на Ахмети ќе му биде врачен клучот на градот од страна на градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во Косово. Во објава на социјалните мрежи поставена е слика од Ахмети и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети во угостителски објект во Приштина.
„Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, стои во објавата на фејсбук.
И Али Ахмети е во Косово | Glas.mk









