ВИДЕО ОД СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: СРАМНЕТИ ЗГРАДИ, ЛУЃЕ БЕГААТ, СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ПАЦИФИКОТ

0
470

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди островската држава Вануату, со епицентар близу главниот град Порт Вила, објави Американскиот геолошки институт.

Од силината на земјотресот неколку згради биле срамнети на земја, а зафатен бил и комплекс со повеќе конзуларни претставништва. На делови од островот кратко време постоела опасност од цунами, која набрзо била отстранета.

Новинарот Дан МекГери кој живее во Порт Вила, за Би-би-си истакна дека видел повеќе луѓе кои очигледно биле повредени во болничкиот ургентен центар од овој земјотрес, што според него е најсилен во последните 20 години.

Итната помош долго време ќе биде со полни раце работа – истакна МекГери кој додаде дека од полицијата го информирале дека досега има една жртва од земјотресот, но очекуваат бројот на загинати да се зголеми во текот на денешниот ден.

Точниот број на жртви засега е непознат, а објавени се слики и видеозаписи од штетите на сите социјални мрежи, каде може да се видат штетите предизвикани од земјотресот.