Две децении живее со помагала, Ивица бара финансиска помош за лекување за да застане на нозе
Две децении живот со посебни помагала. Без придружник, гостиварецот Ивица Стрезовски не може да излезе од својот дом. Спиноцеребрална атаксија му го отежнува движењето. Нарушен му е системот за рамнотежа, во секојдневието му помагаат неговата мајка и сопруга, објави ТВ 24
Решение за подобрување на неговата здравствена состојба има, но Стрезовски како социјален случај парите за лекување на може да ги собере. Приватна клиника која нуди терапии со роботика е решение за подобрување на моето здравје, вели Ивица. Досега има собрано 6, но потребни му се уште 14. 000 евра, пари со кои би ја покрил целата терапија.









