Зијадин Села: На Македонија и е потребна нова државна химна

0
336

Според Зијадин Села, на Македонија и е потребна нова државна химна.

Државната химна треба да се смени, со взаемно разбирање и дијалог, рече тој во вчерашниот дуел со Максим Димитриевски во „Само вистина“.

Според него, со ставањето на Законот за употреба на јазиците на седница на Уставниот суд, се удираат Албанците и нивните права.

Ако сакаме да градиме иднина, не треба да преземеме еднострани акции за да укинеме некои права бидејќи на таков начин само се враќаме назад, вели Села.