Нова кривична пријава од финансиската полиција за бегалецот од правдата и екс директор на државна лотарија, Перпарим Бајрами. Тој се товари дека преку сомнителни тендери за набавка на телевизори и компјутерска опрема за Државната лотарија, проневерил околу 400 илјади евра. Парите биле исплатени, ама стоките не биле испорачани.
И додека Бајрами е недостапен за МВР, финасиската полиција го уапсила Артан Ајрули од куманово сопственик на фирма поврзана во истрагата со лотарија која од оваа фирма склучила шест договори за набавка на телевизори, комјутерска и комуникациска опрема.
Вкупната вредност на набавките е 370 000 евра. Ајрули е внук на пратеникот Елми Азири од Европскиот фронт.









