Мицковски вели дека бил следен како нарачател на параполициска воена формација составена од радикални националисти

0
392

Мицкоски откри детали како тој и партиски функционери биле следени од безбедносните служби, кога биле во опозиција и како политички моќници ги злоупотребиле институциите.

Поради сензитивноста нема да навлегувам во детали, но она што можам да го кажам е дека една од институциите се занимавала со физичко следење на претседател на опозициска партија. Измислувале извор именуван како „Цилиндар“, кој според нив, доставува наводно веродостојна информација. Ова се случувало на почеток во 2020 година, во време на избори. Ме следеле под изговор дека параполициско воена вооружена формација, составена од македонски радикални екстремни државјани во предизборие ќе вршат закани за да обезбедат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и нарачател на ова е професор доктор Христијан Мицкоски. Јас сум тој кој оваа формација ја финансирал и ја формирал. Ова е оставено како трага, ова служело како покритие за сите да бидеме покриени. Истиот извор „Цилиндар“ вели дека јас сум виден со две женски лица на Водно како пешачам, а тие ми презентирале информации кои биле од мој интерес. И двете информации се лажни. Исто, пред локалните избори во 2021 година, изворот е „Џокер“, кој вели дека во манастирот Свети Јован Бигорски сум имал средби со припадници на ова патриотско друштво за да ја нарушиме безбедноста на Македонија – обелодени премиерот.