Катица Јанева издржува ефективна казна затвор, откако во јуни 2020 година беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“.
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска направила инцидент во Државниот завод за ревизија додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење н
Против градоначалниците на Карпош и Струга сè уште се водат судски постапки. Стевчо Јакимовски, заедно со неколку лица вработени во општината додека бил градоначалник во периодот 2011-2017 беше обвинет за злоупотреба на службената положба и бесправно градење. Во 2020 година половина од неговите соработници од Општина Карпош признаа вина и добија условни казни, додека обвинението против Јакимовски и уште пет лица остана. Во март годинава судот констатираше дека не е надлежен за предметот согласно преквалификацијата на кривичното дело според измените на КЗ и случајот се наоѓа на Апелација. Против Рамиз Мерко се водат повеќе судски предмети, а има и уште две други обвиненија. Пред Судот во Струга се предметот за злоупотреба на службата при набавката на службено возило, како и неколку други за несовесно работење во службата при именување директори.
Последици.
Соединетите американски држави, нагласи таа, ќе продолжат да бараат одговорност од корумпираните актери, се надевам дека судството и структурите за спроведување на законот во Северна Македонија ќе го сторат истото. Доказите на кои се базира ваквата одлука, како што објасни, не се споделуваат со македонските власти, поради прашања поврзани со приватноста.
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби, но за друго дело, во кое се товари за проневера на околу осум милиони евра од Државната лотарија, заедно со поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами.
Во врска со истрагата за проневера во Државна лотарија, како што информираше на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, осомничени се повеќе лица, меѓу кои поранешен премиер и прв вицепремиер, поранешен генерален секретар и државни службеници. На 13 декември 2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против осум лица за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ во случајот со Државната лотарија на Република Северна Македонија. Со кривичната пријава Артан Груби се товари за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја појасни најавата за субвенционирање на вработувањата во приватниот сектор на припадници на др
Според неофицијални информации, Груби непосредно пред полициската акција поврзана со проневера од над 8,2 милиони евра во Државната лотарија, заедно со стопанственик со дипломатско возило ја напуштил земјава и заминал во Косово.
Тошковски, потоа во интервју рече дека имаат комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја. На прашање дали имало „кртови“ во МВР или во Обвинителството кои го известиле Груби за да ја напушти земјата, рече дека има истрага, но дека не може да сподели информации. Соопшти дека во претресите кај недостапните осомничени за криминал во Лотарија се пронајдени поголеми количини суми „пари за кои постојат сомнежи дека дел од средствата кои незаконски се стекнати се употребени за купување на одреден имот во и надвор од Македонија“.
Судството со подрршка и загриженост за „црната листа“
Ставањето на црната листа на САД, на кој било судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот функционер на судската власт, порача Здружението на судии на Република Северна Македонија по именувањето на црната листа на судијата Енвер Беџети.
– Имајќи го предвид значењето на етичкото однесување и интегритет на судиите кое треба да биде неприкосновено и во согласност, пред сè со Уставот и Законите на нашата земја, но и согласно Меѓународните Закони и препораките на Европската унија и Соединетите американски држави како наши стратешки партнери, Здружението повикува на брзо решавање на случајот, пред сè заради зачувување на независноста и интегритетот на судската фела во земјата, се наведува во соопштението на Здружението.
Судскиот совет на Македонија, исто така, изрази сериозна загриженост во врска со актуелната објава на Стејт департментот на САД за ставање на судија на „црната листа“.
– Ја нагласуваме својата посветеност за справување со секој облик на корупција во правосудниот систем во согласност со законите и етичките стандарди. Во таа насока Судскиот совет веќе презема мерки согласно со неговите надлежности утврдени во Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Судскиот совет.
Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на
Врховниот суд преку соопштение информираше дека целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава.
– Соединетите американски држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности. Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење за заштитата на независноста на судството и борбата против корупцијата. Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба. Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија, се наведува во соопштението од Врховниот суд.









