Правниот факултет во Тетово му го доставил отказот на Артан Груби

0
219

Деканот на Правниот Факултет при Универзитетот во Тетово, Сафет Емурли за МИА информира дека на Артан Груби, кој е вработен како професор на отсекот по новинарство, му е испратено решение за отказ.

Дел од медиумите информираа дека постапката за отказ била почната поради тоа што не се појавил на работа во текот на декември.

Дел од медиумите информираа дека постапката за отказ била почната поради тоа што не се појавил на работа во текот на декември.

Груби бил таму вработен од 2012 година, а поради вршење јавна функција, местото било во мирување се до август 2024 година кога се вратил на работа.

– Завршена е постапката со отказ на споменатото лице. Значи веќе не е во работен однос во Тетовскиот Универзитет.