На Попова Шапка повторно има амбуланта

0
277

Од вчера почна повторно да работи болничката амбуланта на Попова Шапка, која беше нефункционална од времето на пандемијата со ковид-19. Амбулантата е дел од Клиничката болница Тетово.

 

 

-Го презедовме овој чекор со кој ќе им пружиме здравствена помош на посетителите и скијачите во оваа зимска сезона, изјави директорот на болницата Агим Бериша.

-По барањето на ски-центарот, се става во функција оваа услуга која беше нефункционална од времето на пандемијата, рече директорот на ски-центарот Абдулгани Алији.