Тетовската компанија за собирање смет Саубермахер започна со присилна наплата

0
465

Од компанијата Саубермахер Тетово информираат дека се иницирани постапки за присилна наплата на неподмирените долгови по фактурите за комунални услуги за период февруари-август 2024 година.

„За ваквите постапки граѓаните беа опоменати, а тие што не се одѕваа на повикот ќе се соочуваат со дополнителни трошоци по постапките за присилна наплата.Со цел да се избегнат дополнителни трошоци и непријатности при постапките за присилна наплата и извршување, апелираме до сите корисници кои имаат заостанат долг за издадени фактури во текот на 2024 година, да го исплатат во најкраток можен рок, информираат од компанијата Саубермахер.

Со редовно плаќање, можеме да обезбедиме подобри услови за живот во нашиот град и да избегнеме непријатни и непотребни ситуации кои можат да се појават при присилно извршување дополнуваат од компанијата.

Вашата соработка е од огромна важност и со вашата навремена реакција, ќе придонесеме за подобро функционирање на нашата заедница.“
За олеснување на процесот на плаќање како и преглед на сите податоци и издадени фактури, корисниците можат да се регистрираат на веб порталот на www.saubermacher-tetovo.mk, додаваат од компанијата.