Воз прегази две сестри во Србија, загинале на самото место

0
802

Две млади жени, родени сестри, загинаа вечерва на пругата кај српското гратче Лапово, во Шумадија, кога на нив удрил воз кој сообраќал на линијата Земун-Ниш.

Трагедијата се случила во 17 часот и 40 минути, на необезбеден железнички премин.

Според српските медиуми, жртвите на несреќата, К.Ж (32) и нејзината сестра Н.Ж. (31) од Лапово биле во Здружението за помош на лица со попреченост „Зора“ во гратчето, за да се дружат со останатите членови.

Како што неофицијално објавуваат медиумите, на враќањето, на едната од сестрите ѝ паднале пари на пругата, па двете застанале да ги бараат. Тогаш на нив, без да го слушнат и да го видат, налетал возот.