Тинејџерка нападнала социјална работничка во Тетово

0
447

Малолетна девојка од Тетово доби кривична пријава откако нападнала вработена во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во градот, соопшти МВР

СВР Тетово поднесе кривична пријава против малолетничка од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 17.12.2024, пријавената физички нападнала вработена во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово“, велат од полицијата.