Пандов: Ќе ги избркам затворските полицајци што ја срамат униформата

0
255

Дисциплинските постапки против суспендираните двајца затворски полицајци од затворот Шутка, кои му дале телефон на Васил Јованов, кој на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше денеска директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов …Тој нагласи дека по пронајдениот телефон кај Васил Јованов, полициски службеници од Интервентната полиција извршиле претрес во притворскиот дел, при што биле пронајдени 70 телефони. Вината за ова, Пандов ја лоцира во затворските полицајци, кои како што рече, ја срамат полициската униформа.

Управата за извршување санкции и ФЗОМ денеска се договорија затворениците и притворениците да добијат здравствено осигурување. Тие досега не биле осигурани иако управата со години уплатувала пари во Фондот. Сепак, добивале медицински услуги во здравствените домови и клиниките, за што се наталожиле огромни фактури.

Парите од уплатата во Фондот ќе се компензираат во плаќање на фактурите, и во реновирање на затворските амбуланти. Покрај реновирање на амбулантите им недостасуваат и лекари, кои како што рече Пандов ќе се мотивираат со повисоки плати.