МИЦКОВСКИ СО НОВОТО НОРМАЛНО – МАКЕДОНИЈА КОСПОНЗОР НА РЕЗОЛУЦИЈАТА НА САД КОЈА НЕ ГО ГАРАНТИРА ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ НА УКРАИНА

0
351

Премиерот Христијан Мицкоски потврди денес дека Македонија е коспонзор на резолуцијата што ја поднесоа САД во Генералното собрание на ОН со која се бара брз крај на конфликтот меѓу Русија и Украина и зад која застанаа малциснтвото земји бидејќи место окупација или воена агресија ја сведува војната на „конфликт“ и не бара гаранции за територијалниот интегритет на Украина. ваквата резолуција испровоцира контрарезолуција од Украина зад која застана ЕУ, така што Мицкоски ја постави Македонија контра позицијата на брисел, односно ја напушто 100-процентната усогласеност со надворешната политика на ЕУ, за која примавме толку фалби досега и која беше една од ретките области во којк покажувавме успех. Како што се изрази тој самиот, застана во прв ред зад САД против Украина и ЕУ!

-Одлучивме да бидеме коспонзори на Резолуцијата која ја поднесуваат САД во ОН. Очекувам истата да биде поддржана од мнозинството на ОН, рече Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.

Советот за безбедност ќе се состане денес на брифинг на високо ниво за Украина. Состанокот беше побаран од Украина, а поддржан од Данска, Франција, Грција, Панама, Република Кореја , Словенија, Обединетото Кралство и САД за да се одбележи тригодишнината од руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година. Пред брифингот се очекува Советот да гласа за нацрт-резолуцијата за Украина чиј автор е САД.

Нацрт-текстот има само еден оперативен параграф кој повикува на траен мир меѓу Русија и Украина и бара брз крај на конфликтот меѓу двете земји. Она што е контроверзно пред се е дека во него стои зборот „конфликт“ за руската агресија и не се гарантира суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Доколку биде усвоена, ова ќе биде прва резолуција на Советот за безбедност за Украина откако Русија ја започна својата инвазија на земјата.

САД претходно врпшеа притисок врз Украина да ја повлече резолуцијата поддржана од Европа, со која се бара итно повлекување на руските сили од Украина во корист на американскиот предлог кој не ја споменува инвазијата на Москва. Но, Украина одби да ја повлече својата нацрт-резолуција, а Генералното собрание на ОН ќе гласа за неа исто така денес, пред гласањето за резолуцијата на САД. Резолуциите ја нагласуваат тензијата меѓу САД, Украина и европските земји во петте недели откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата и почна разговори со Русија по долгогодишна изолација во обид да стави крај на војната.

Генералното собрание стана најважното тело на ОН за Украина бидејќи Советот за безбедност, кој е задолжен за одржување на меѓународниот мир и безбедност, е парализиран поради правото на вето на Русија.Во Генералното собрание нема вето, а неговите гласови внимателно се следат како барометар на светското мислење. Сепак, неговите резолуции не се правно обврзувачки, за разлика од оние усвоени од Советот за безбедност. Откако руските сили ја преминаа границата со Украина на 24 февруари 2022 година, собранието усвои половина дузина резолуции со кои се осудува војната и се бара итно повлекување на руските трупи.

Нацрт-резолуцијата предложена од САД е краток текст кој жали за „трагичната загуба на животи низ конфликтот на Руската Федерација и Украина“ и повторува дека основната цел на ОН е одржување на меѓународниот мир и безбедност и мирно решавање на споровите. Содржи само еден оперативен параграф, кој повикува на траен мир меѓу Русија и Украина и бара брз крај на конфликтот. САД го ставија својот нацрт-текст директно во сина боја на 21 февруари, без претходни консултации со членовите на Советот за безбедност. Потоа побараа од Кина, претседателот на Советот во февруари, да закаже гласање за нејзината нацрт-резолуција за утре пред 10 часот. Сепак, Кина го закажа гласањето за утре попладне, непосредно пред брифингот на високо ниво за Украина.