(ВИДЕО) Снимен моментот кога српска пратеничка беше погодена со тврд предмет во глава

0
454

Засега не се знае кој точно фрлил со предметот кон неа, но според распоредот на седиштата може да се претпостави дека ја погодил некој нејзин колега од СНС

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ изјави дека во денешните немири во парламентот се повредени три пратенички, од кои една дожвеала мозочен удар.

„Пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеа мозочен удар кога пратениците од опозицијата фрлија врз неа шок-бомба. Нејзиниот живот е во опасност“,

 

рече Брнабиќ.

Пратеничката моментално е во болница, а Вучиќ веднаш се упатил таму, се фотографирал со неа и ја објавил фотографијата на Инстаграм.

На социјалните мрежи беше објавено видео од моментот кога, очигледно, шише ја удри Обрадовиќ во главата.

Засега не се знае кој точно фрлил со предметот кон неа, но според распоредот на седиштата може да се претпостави дека ја погодил некој нејзин колега од СНС.

Димни бомби, тепачка и општ хаос го означија почетокот на денешната седница на српскиот парламент, објавија белградските медиуми.

Танјуг пренесува дека нередите избувнале кога пратениците од опозицијата се упатиле кон масата на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, но собраниското обезбедување ги спречило да го направат тоа.