Кремљ: Паузирањето на американската воена помош за Киев е најдобар придонес за мирот

0
272

Привремената суспензија на воената помош на САД за Киев е најдобриот можен придонес за постигнување на мир во Украина, изјави портпаролот на Кремљ во четврток, откако САД најавија пауза во помошта.

“Ако САД престанат да бидат (украински воен снабдувач) или ги суспендираат тие испораки, тоа веројатно ќе биде најдобриот придонес за мирот”, рече Дмитриј Песков во својот дневен брифинг.

“Останува да се видат деталите, но вистината е дека ова е решение кое навистина би можело да го принуди режимот во Киев кон мировен процес”, изјавил Песков.

Тој додаде дека останува да се види како ќе се развие ситуацијата на теренот и истакна дека “главниот обем” на воена помош за Украина досега доаѓала од САД.