Шест пациенти се во критична состојба

0
326

Од 115 пациенти кои се лекуваат во странство, шест пациенти се во критична состојба, додека другите се во стабилна состојба. Од понеделник се очекува пет пациенти да се вратат во земјата. Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека пациентите кои ќе се вратат прво ќе бидат примени во болниците во земјава, а потоа пуштени дома.

„Пациентите со најтешка состојба се двајца во клиничкиот центар во Љубљана, а 4 на Воено-медицинската академија во Белград. Овие пациенти се во најтешка состојба… Планирано е 1 испис од болницата од Италија, од Шпанија 2 исписа, од Шведска еден испи и 2 исписа од Австрија. Овие се планирани, но не се дефинитивни, повторно во понеделник ќе ве известиме… “, рече Арбен Таравари, министер за здравство.