„Саубермахер“ со пилот проект за селекција на отпадот во Тетово

0
504

Од компанијата „Саубермахер“ која го менаџира отпадот во Тетово најавија пилот проет за селекција на тетовскиот отпад.

„Со задоволство ви го најавуваме почетокот на нашата нова инцијатива за заштита на животната средина. Нашата компанија Saubermacher, во почетокот на Април 2025 започнува со пилот проект за селекција на отпад (различни текови на отпад) на следните локации:
Улица 29 Ноември-Тетово и Клиничката Болница во Тетово.Овој проект е значаен чекор кон подобро управување со отпадот и промовирање на одржливи еколошки практики во нашата заедница. Целта е да се започне со селекција на отпадот, каде што различните текови на отпад ќе се одвојуваат од останатиот отпад, а со тоа ќе се овозможи нивно понатамошно рециклирање и намалување на негативното влијание врз животната средина“, велат од компанијата Саубермахер.

Селектирањето на тетовскиот отпад ќе значи далеку почиста животна средина.

„Вашето учество во селекцијата на отпадот помага во намалување на количината на отпадот што завршува на депониите, а истовремено го зголемува потенцијалот за рециклирање. Процесот ќе биде лесен. Ќе бидат поставени соодветни контејнери за секој вид на отпад, каде што граѓаните и институциите ќе можат лесно да ги одвојат и одлагаат овие материјали, велат од Саубермахер.

По успешното спроведување на пилот проектот во овие локации, нашата компанија планира да ја прошири селекцијата на отпад и на други локации низ територијата на општина Тетово. Нашата цел е да воведеме систем за селекција на отпад кој ќе ги обедини сите заедно за побрзо и поефикасно управување со отпадот и подобрување на квалитетот на животната средина.Придружете ни се во оваа значајна иницијатива! За дополнителни информации и поддршка, контактирајте нè или посетете ја нашата веб-страница, дополнија од Саубермахер.