ВЛАДАТА ЈА СМРЗНА ПОСТАПКАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ

0
367

Според премиерот Мицкоски треба да им се даде простор на обвинителите кои работат на случајот со пожарот во дискотеката Пулс да ја завршат постапката, но и шанса на јавното обвинителство да ги преразгледа случаите за модуларната во Тетово и за несреќата кај Ласкарци и да провери дали имало селективна правда. Мицкоски е задоволен од досегашната заедничка акција на МВР и Обвинителството за случајот во Кочани во која се приведени 34 лица, а истрагата ја предводи токму Коцевски.

„Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа. Но исто така јавноста е чувствителна и на некои случаи од минатото кои ќе треба да видиме, да почекаме, Јавното обвинителство дали има амбиција и тука да констатира некои неправилности од минатото, и дали би можело можеби повторно можеби тие случаи да ги преразгледа па да видиме дали навистина сме сите за правда или таа правда треба да биде селективна. Да видиме дали навистина таа правда некогаш е добиена или таа правда била селективна“ рече Мицкоски.

Премиерот најави дека секој за кој постои основано сомнение дека на бил кој начин е позврзан со трагедијата во Кочани ќе одговора без разлика на функцијата што ја извршува. Обвинувањата од опозицијата дека актуелни функционери од власта не се опфатени со истрагата ги нарече паушални политички квалификации.

„Го охрабрувам јавното обвинителтво да работи неселективно. Секој оној не само сега и во минатото којшто имал било каква улога и и звршувал било каква функција, којшто и на најмал можен начин бил вклучен во овој или во случен случај да биде санкциониран“, вели Мицкоски.