Вучиќ за повредената деканка: Раката и е исечена како да лупела краставица па се повредила

0
556

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва на ТВ Пинк го коментираше нападот со нож врз деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ.

„Деканката на Филозофскиот факултет, сопругата на Бане Банана, кажа дека сум ја нападнал јас, а повредата ѝ е, инаку, отприлика како кога сечете краставица или кромид. Според информациите што ги добив, станува збор за површна повреда, без сериозни последици. Но, сето ова требаше да се искористи за нешто…“ изјави Вучиќ.